ТАГ — Технолошка свесност за добро е граѓанска организација од Скопје, основана во 2024 година. Ги истражуваме и објаснуваме општествените ефекти на технологијата, алгоритмите и вештачката интелигенција — особено врз децата и младите.
Веруваме во дигитален свет во кој секој може безбедно и одговорно да ги ужива придобивките на технологијата. Затоа работиме на две рамнини: како платформа што објавува вести, анализи и оригинални истражувања, и како здружение што спроведува едукации, кампањи и застапување за побезбедни онлајн простори.
Што работиме
- Објавуваме. Дигест на најважните вести, анализи со потпишани автори и оригинални истражувања за односот меѓу технологијата и општеството.
- Едуцираме. Работилници и водичи за дигитална и алгоритамска писменост — за деца, родители и наставници.
- Кампањи. Содржини на TikTok и Instagram што допираат до младите таму каде што се.
- Застапуваме. Учествуваме во јавни дискусии и лобираме за партиципативни дигитални политики и заштита на малолетниците онлајн.
Тимот
Контакт
Е-пошта: techawarenessforgood@gmail.com
Скопје, Северна Македонија