Како твоето дете ги користи екраните? Провери сѐ и добиј препораки веднаш.
Добиј персонализиран извештај: што правиш добро, што треба да поправиш, како стоиш споредено со стручните препораки и со останатите.
- Околу 7 минути
- Анонимно, без да оставиш e-mail
- Извештајот се генерира веднаш
Како функционира проверката
Нема точни и погрешни одговори и сите одговори се анонимни.
Одговараш на прашања
Прашањата се поврзани со содржините што ги гледа твоето дете во еден обичен ден. Одговарањето трае околу 7 минути.
Го добиваш извештајот
Веднаш, на истата страница, по одговарањето ти излегува извештајот. Може да го зачуваш како PDF или да го испечатиш.
Добиваш и конкретни чекори
Во склоп на извештајот добиваш конкретни чекори и упатства за користење на уредите според препораките на стручните лица.
Што добиваш
Јасна слика за употребата на екрани во твојот дом.
Персонализиран извештај
Најважните резултати од твоите одговори, споредени со препораките на стручните лица според возраста на детето.
Препораки за тебе
Конкретни чекори што можеш да ги направиш веднаш, со јасни упатства за секој.
Споредба со другите родители
Види како другите семејства со деца на иста возраст се снаоѓаат со истите прашања. Многу од нив се во слична ситуација.
Твоите одговори се важни
Со оваа проверка ќе си помогнеш себеси и на твоето дете, но ќе им помогнеш и на останатите. Анонимните резултати од проверката ќе се употребат и за истражување кое ќе им помогне на стручните лица и релевантните институции да развијат попрецизни насоки и мерки.
- Целосно анонимно. Не бараме име, e-mail ниту телефонски број и не ја чуваме твојата адреса на интернет.
- Одговорите се користат само збирно. Од нив ќе настане првото истражување кај нас за екраните во животот на децата до осум години.
- Резултатите ќе бидат јавни. Ќе ги објавиме во март 2027 година, заедно со методологијата и ограничувањата.
- Извештајот не е дијагноза. Се потпира на твоите одговори и на препораките на Светската здравствена организација и не го заменува разговорот со стручно лице.
Повик за приклучување кон истражувањето
Доколку си истражувач, психолог, педагог, логопед, педијатар или лице од друга релевантна област, добредојден/а си да ни се приклучиш, да дадеш дополнителна длабочина на истражувањето и да овозможиш негова поширока и поконкретна употреба.
Контактирај со нас за да ти споделиме пакет информации со методологијата, прашањата и метриките на ова истражување.
Седум минути за појасна слика
Одговараш на прашања за еден обичен ден и веднаш го добиваш извештајот.
Започни ја проверката анонимно · околу 7 минути · не оставаш e-mailПроверката и извештајот се информативни. Не се стручна проценка ниту дијагноза и не го заменуваат разговорот со педијатар, психолог или логопед. Алатката е во развој: прашањата и препораките ќе ги прегледаат стручни лица пред почетокот на истражувањето.