„За безбедно детство“: граѓанска иницијатива бара забрана на социјални мрежи за деца под 12 години

Петицијата на родители, наставници и професионалци собра близу 3.000 потписи: целосна забрана под 12, регулиран пристап до 16 со родителска верификација и национална програма за дигитална писменост.

Дебатата за возрасни граници на социјалните мрежи стигна и кај нас. Граѓанската иницијатива „За безбедно детство“ — родители, наставници и професионалци — преку петиција што досега собра близу 3.000 потписи бара: целосна забрана на социјални мрежи за деца под 12 години, регулиран пристап за возраста 12–16 со задолжителна родителска верификација, алгоритамски ограничувања на содржините насочени кон детски профили и построга заштита на податоците.

Иницијативата се повикува на потезите на Австралија, Франција, Шпанија, Шведска, Данска и Словенија, како и на препораката на Европскиот парламент за минимална возраст од 16 години за нерегулиран пристап.

Значајно е што петицијата не бара само забрана — меѓу барањата е и национална програма за дигитална писменост, точката околу која постои најширок консензус меѓу експертите.

Нашиот став: добредојдена дебата — со важна резерва. Австралиското искуство овој месец покажа дека забраната без ефективна верификација и без образование е лесно заобиколлива. Ако државата ја отвори оваа тема, писменоста и „безбедност по дизајн“ мора да одат пред, а не по забраната.

Извор: Макфакс

Дигест — секој петок во вашето сандаче

Најважното за технологијата, алгоритмите и општеството — одбрано и објаснето. Без алгоритам меѓу нас и вас.