Roblox постигна ново порамнување — овој пат со Јужна Дакота — кое ја обврзува платформата на задолжителна верификација на возраста за сите корисници, преку технологија за проценка од скен на лице или документ за идентификација.
Тоа е кулминација на исклучително тешка година за најголемата детска гејминг-платформа: порамнувања вредни над 35 милиони долари со Невада, Алабама, Западна Вирџинија и други држави, 170 здружени тужби за занемарување на детската безбедност, и тужба на округот Лос Анџелес. Обвинувањата се повторуваат: раст пред заштита, слаби контроли, простор за предатори.
Веќе од почетокот на годината Roblox бара скен на лице пред отворање на чет-функциите — мерка што сега се проширува на целата платформа.
Зошто е важно: Roblox е масовно популарен и кај македонските основци, а родителите ретко го третираат како социјална мрежа — иако тоа функционално е. Ако вашето дете игра Roblox, чет-опциите и новите возрасни поставки се првото место за заеднички преглед.